Фиренца, 4. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Чезаре Прандели кој пред неколку дена ја напушти Валенсија, би можел повторно да седне на столчето на Фиорентина, пренесува „Тутоспорт“.
Моменталниот тренер на „виолетовите“ Пауло Суса ќе си оди од тимот од Фиренца, а како негов наследник се споменува токму Прандели.
Чезаре ја предводеше Фиорентина од 2005 до 2010 година кога екипата играше одлично, и на 241 натпревари клубот со Прандели победи 119 мечеви, 54 пати одигра нерешено и претрпе 68 порази. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 14