Хал Сити, 4. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Лошата игра и очајните резултати на Хал сити и последното место на табелата во Премиер лигата беа причина управата на клубот да му врачи отказ на менаџерот Мајк Фелан.
Тој Хал го презеде минатото лето, наследувајќи го Стив Брус, но не успеа да создаде екипа која со успех ќе игра во англиската елита.
По 20 одиграни меча, Хал е на дното со само 13 освоени бода, па управата на клубот мораше да направи промена. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 30