Кичево/Охрид, 4. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Врнежи од слаб снег се бележат во Крушево, а во Охрид врне слаб дожд.
Диспечерско-информативниот центар на Јавното Претпријатие „Македонија пат“ во пладневниот извештај за состојбата на патиштата информира дека поради магла има намалена видливост до 120 метри на планинскиот превој Стража.
Во пладневните часови сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози во западниот дел од државата, каде на некои повисоки места има мали остатоци од кашест снег на коловозот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20