јануари 5, 2017

Охрид, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде облачно со врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а до крајот на денот и во останатите делови од земјава.

Во јужните делови најпрво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа ќе преминат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сm. Ќе дува умерен, попладне засилен северен ветер, но во јужните делови претпладне ветерот ќе биде јужен.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 5. степени.

– Врнежи од снег ќе има и во петок, особено претпладне, но со намален интензитет. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сm. Од утре попладне до сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни навеви. За време на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: Метео

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука