Охрид, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ротаракт клубот „Охрид“ утре ќе организира хуманитарна, Бадниковата акција.
Собраните средства ќе бидат наменети за здравствениот третман на нашата сограѓанка, Јана Арсовска, на клиниката во Фленсбург – Германија.
Акцијата ќе се одржи на Градскиот плоштад утре, 6-ти јануари, во периодот од 12:00 до 15:00 часот.
– Во рамките на акцијата, на минувачите ќе им се делат сирење и греано вино, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели, информираат од Ротаракт клубот „Охрид“.
Хуманитарната акција ќе биде во склоп на Бадниковата поворка, која ќе се одржи низ центарот на Охрид и на која ќе учествуваат околу 300 деца. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24