Охрид/Кичево, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Снегот што паѓа од ноќеска во поголемиот дел од државава, го отежнува движењето во повисоките региони, особено на патните превои.
Читатели на OhridPress ни доставија фотографии од патниот премин „Стража“, каде сообраќајот се одвива отежнато, поради снегот кој се наоѓа на коловозот и го отежнува движењето.
Во раните утрински часови имаше врнежи од снег со послаб интензитет на планинскиот превој Стража. Врнежи од слаб дожд се бележат во Охрид и Дебар, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи на Македонија (УХМР), пообилни врнежи ќе има во попладневните и ноќните часови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. Ќе дува умерен, попладне засилен северен ветер, но во јужните делови претпладне ветерот ќе биде јужен. Од ЈП „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Никола Цобоски