јануари 5, 2017

Охрид, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на патот Охрид-Скопје се одвива отежнато поради врнежите од снег кои се задржуваат на коловозот.

Читатели на OhridPress испратија фотографии направени вечерва, нешто по 18:00 часот од преминот „Стража“ на кои се гледа дека има снег на коловозот и дека сообраќајот се одвива тешко и отежнато. Велат дека на патот има снег, но дека е прооден.

strazasnegjanuari2Попладнево беше воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин „Стража“, како и на патниот правец крак Маврово-Дебар.

strazasnegjanuari3На патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот превој „Пресека“, од 15:45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Велимир Џамто

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука