Охрид, 6. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Снегот кој падна во Охрид само ќе ја разубави празничната атмосфера, порачуваат од „Тамаро“ маркетите од каде денес ќе го организираат првиот голем настан, во рамките на кој ќе има многу награди и изненадувања за нивните верни купувачи и потрошувачи.
– Снегот е бериќет и вистинска радост з децата, но и за возрасните. Нашата екипа уште од раните утрински часови е на терен и се` е подготвено за вечерашниот голем настан. Минатата година во „ИБ Фитнес“ Центарот во Охрид поделивме 1.500 пакетчиња за нашите најмили и најмлади, а и годинава ќе се потрудиме да биде така. Главниот настан започнува во 18:00 часот. Ќе има многу музика, магија и секако награди и пакетчиња за нашите лојални купувачи кои се во „Тамаро“ секогаш и се дел од сите наши акции и настани, велат од „Тамаро“.
Големото изненадување ќе започне вечерва во 19:15 часот.
– Ние создаваме нешто сосема ново и поинакво. Нешто масовно и неочекувано и со една цел – да Ви подариме насмевка, велат одговорните во „Тамаро“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива