Охрид, 6. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ротаракт клубот „Охрид“ денес организираше хуманитарна, Бадниковата акција.
Собраните средства ќе бидат наменети за здравствениот третман на нашата сограѓанка, Јана Арсовска, на клиниката во Фленсбург, Германија. Акцијата се одржа на Градскиот плоштад во периодот од 12:00 до 15:00 часот.
– Во рамките на акцијата, на минувачите им се делеше сирење и греано вино, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели, информираат од Ротаракт клубот „Охрид“.
Хуманитарната акција беше во склоп на Бадниковата поворка, која се одржа низ центарот на Охрид и на која учествуваа околу 300 деца. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 36