Охрид, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми февруари со почеток во 12. 00 часот во Културно Информативниот Центар „Култура 365“ во Охрид, и годинава ќе се одржи поетско читање во чест на А. ден Долард.
Средбата ќе биде по повод неговиот 116-ти роденден.
Поети од Охрид, но и од другите градови во републикава на овој настан ќе можат да се претстават со свои дела.
Холандскиот писател А. ден Долард, важи за најголемиот промотор на Македонија, заслужен за традиционалното холандско-македонско пријателство кое од средината на минатиот век се остварува преку холандските туристи кои ја посетуваат Македонија.
Охридскиот писател Мишо Јузмески, идеен творец на КИЦ „Култура 365“, има објавено повеќе книги за А. ден Долард. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива