јануари 9, 2017

Милано/Скопје, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Универзитетот ФОН во соработка со Универзитетот во Валенсија и Бертоне дизајн академијата од Милано, ги организира првите меѓународни зимски школи во Република Македонија, за домашните студенти.

Плејада на експерти меѓу кои и творците на Европскиот устав и архитектите на Европска комисија ќе го пренесат своето знаење пред студентите на ФОН но и другите универзитети во Македонија.

Првата зимска школа насловена како:   New Technologies and Good Governance, Challenges and Оpportunities for 21 Century Democracy, започна денес на Универзитетот ФОН во Скопје.

Втората зимска школа насловена како: FULL DESIGN, Made in Milano ќе започне во 10 часот на Универзитетот ФОН во Скопје на 11-ти јануари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука