Цирих, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – ФИФА му даде подршка на предлогот на новиот претседател Џани Инфантино за промена на форматот на мундијалите, па од 2026 година на СП ќе учествуваат 48 фудбалски репрезентации.
Официјално одлуката ФИФА треба да ја објави во јавност во текот на утрешниот ден.
Форматот на натпреварување не е познат ,но се претпоставува дека првично ќе има 16 групи по три селкции, а елиминација ќе доживее само последнопласираната репрезентација. Мундијалот потоа ќе продолжи со нокаут фазата во која ќе учествуваат 32 репрезентации. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 25