Скопје/Охрид, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) — Бензините поскапуваат, а дизелот со исти цени, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денари за литар и со тоа ќе изнесуваат за ЕУРОСУПЕР БС-95 67,00 денери за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 денари за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), остануваат исти.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,718 денари за килограм и изнесува 28,827 денари за килограм. (Крај)
извор: erc фото: архива
Прочитано: 21