јануари 10, 2017

Охрид, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани се солидаризираат за помош на семејството од Охрид, кое вчера го загуби својот дом.

pozarkuka2

Вчера попладне семејна куќа изгоре на улицата „Даме Груев“, во населбата „Карабегомала“. За среќа нема повредени во пожарот, но семејството за жал изгуби сè што поседуваа.

pozarkuka3

Има најави на социјалните мрежи да се отвори телефон за помош. Дел од граѓаните веќе понудија материјална помош и ги повикуваат нивните сограѓани, секој да помогне во доменот на своите можности. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Илија Ефтимоски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука