Битола, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ски-сезоната на популарниот зимски центар Пелистер започна од минатата недела.
Посебно Пелистер стана уште поатрактивен по интензивните врнежи на снег, кои ја зафатија републикава викендов. Голем број љубители на скијањето се на скијачките патеки на Копанки.
Најбројни се рекреатиците и професионалните скијачи од Битола, околните градови, но и од странство. Пелистер нуди одлични услови за зимски спортови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Нова ТВ
Прочитано: 24