Скопје, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) — Македонија деновиве ја зафати поларен студ со температури под нулата.
Студот во Македонија зеде три жртви во Скопје, Струмица и Пехчево.
Шеесет и осумгодишен бездомник во Аеродром почина во неделата од студ. Тој престојувал во напуштена зграда, а според надлежните, одбивал да биде пренесен во пунктот за бездомни лица во Момин Поток.
Во Струмица беше пронајден премрзнат маж на возраст од 60 години. Неговото тело било пронајдено пред неговиот дом на улицата „Пиринска“ од неговите соседи.
Ниските температури зедоа жртва и во пехчевското село Црник. Вечерта во неделата починала 80-годишна старица, која паднала во ходникот на семејната куќа, а изутрина премрзната ја пронашол член на семејството. (Крај)
извор: Телеграф фото: архива