Охрид, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, во 14:40 часот, во Полициската станица во Охрид, 51-годишниот М.С. од Охрид, пријавил пожар во неговата куќа на улицата „Даме Груев“ во Охрид.
Пожарот избувнал во времето од 14:30 до 15:00 часот, додека М.С. се наоѓал во дневната соба, а неговата сестра во кујната. Почувствувал мирис на горење и излегол надвор, при што видел дека гори кровот во близина на оџакот. Пожарот се проширил на останатиот дел на кровната конструкција на куќата.
Пожарот бил изгаснат од екипа на ТППЕ-Охрид. Од пожарот изгорена била скоро цела кровна конструкција и покуќнината. Причинетата материјална штета дополнително ќе се утврдува. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 29