Охрид, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните од Охрид можат да донираат средства за помош на семејството чија куќа изгоре вчера попладне.
Донациите можат да се уплаќаат на трансакциона сметка во Охридска банка на име:
Музафер Садик, ул. „Даме Груев“ 136 Охрид
трансакциона сметка: 5305000020258795
Пожарот се случи на улицата „Даме Груев“, во населбата „Карабегомала“.
Исто така, голем дел од граѓаните преку социјалните мрежи понудија материјална помош за своите сограѓани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21