Санта Моника, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Актерот Том Хидлстоун вчера преку социјалните мрежи се извини за обраќањето кое го имаше во неделата вечерта, на доделувањето на наградите „Златен глобус”.
– Бев многу нервозен и едноставно погрешни зборови произлега од мене. Јас единствено сакав да ја пофалам храброста на сите волонтери во УНИЦЕФ. Се извинувам што не се изразив како што треба, напиша Хидлстоун.
Во однос на гледаноста на манифестацијата, ова е втора најголема публика во рамките на една деценија, бидејќи 74-то издание на „Златен глобус” собра 1,5 милиони гледачи повеќе отколку претходната година.
Мјузиклот „Ла Ла Ленд”, кој беше фаворит и во номинациите, зеде седум награди, освен во најпрестижните актерски категории за најдобар актер и актерка каде триумфираа Ема Стоун и Рајан Гослинг.
Почесен „Златен глобус” ѝ беше доделен на Мерил Стрип.
Филмот „Месечината“ доби „Златен глобус” во категоријата драма. Кејси Афлек беше прогласен за најдобар актер. Најдобра актерка во филмска драма е Изабел Ипер за филмот „Таа”.
Најдобар анимиран филм е „Зоотрополис”. За најдобра комедија беше прогласена серијата „Атланта”. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Variety