Охрид, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фан страницата „Буумеранг“ на социјалната мрежа Фејсбук која е специјализирана за цртање на порцелански шолји, постојано е во чекор со времето, нудејќи акции, попусти и изненадувања за корисните.Страницата
ја води младиот графити артист Илија Богданоски. За овој период, сите кои сакаат да подарат интересен подарок на своите најблиски, или за себе да имаат шолја со изработена минијатура цртеж или рачно испишан текст, можат да ја искористат акцијата. До 15 јануари „Буумеранг“ нуди 3 шолји по цена од две.
– Подарете уникатни подароци! Изработка на рачно испишани шолји со текст по ваша желба. Вршиме достава во секој град, вели Богданоски.
Страницата е релативно нова, додека Богданоски се занимава со овој вид на уметност околу една година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: „Буумеранг“