Мелбурн, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Единицата за интегритет во тенисот соопшти дека австралискиот тенисер Ник Линдал поради местење на мечеви заработил седумгодишна суспензија и парична казна од 35.000 долари.
Овој настан доаѓа по последните случувања во Австралија и обвинувањата дека 18-годишниот јуниорски шампион на грен слемот во Мелбурн, Оливер Андерсон, бил вмешен во местење на мечеви.
Австралиските власти водат голема истрага поради сомнежите за валкани работи во тенисот, а со испитувањето досега се опфатени 350 тенисери. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19