јануари 11, 2017

Гевгелија, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од ноќеска, по 02:00 часот не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Република Грција на преминот „Богородица“.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утринава бил остварен контакт помеѓу раководител на смена на ПС за ГП и ГН „Богородица“ со раководителот на смена на ГП „Евзони“ во врска со застојот при влез во Република Грција за товарен сообраќај. Од страна на грчките полициски службеници било добиено известување дека од 02:00 часот, не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Република Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата.

Од ваквиот тек на настаните, во меѓупросторот, за влез во Република Грција чекаат околу 70 товарни возила. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука