јануари 11, 2017

Москва, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Некогашната број еден тенисерка Марија Шарапова на терените ќе се врати за четири месеци на турнирот во Штутгарт.

Русинката беше суспендирана поради користењето на мелдониум, супстанца која е забранета за користење на почетокот на 2016 година. Шарапова прво заработи двегодишна суспензија, но судот за арбитража во спортот и ја намали казната на девет месеци.

ВТА турнирот во Штутгарт ќе се одржи од 22. до 30.април. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука