Лондон, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Тотенхем сака да го доведе аргентинскиот фудбалер Нико Гаитан на позајмица до крајот на сезоната.
Тој не добива голема минутажа во Атлетико Мадрид по доашањето од Бенфика, а менаџерот на „спарси“, Маурицио Покетино смета дека аргентинецот би бил од голема помош за неговиот тим во битката за шампионската титула во Англија.
Во англискиот премиерлигаш му гарантираат дека ќе добива поголема минутажа ,па останува да се види дали Гаитан ќе се одлучи да се пресели во Англија во вториот дел од сезоната. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 15