јануари 11, 2017

Охрид, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ денес ги презентираше резултатите од реализираните акции во минатата 2016 година.

Како што вели претседателот на клубот, Зоран Стевоски, најважно за нив било што минатата година се формирал младинскиот клуб. Моментално бројката на млади во клубот е 200 деца.

bregmladost1

Минатата година клубот успешно реализирал вкупно 9 акции.

– Најубавиот настан е што децата ја прифатија нашата идеја и се приклучија во клубот. Исто така 10 членови на клубот минатата година активно се вклучивме во расчистувањето од последиците од поплавата во Скопје. Мило нѝ е што институциите ја прифатија идејата за солидарност, хуманост и волонтерство, вели Стевоски.

bregmladosta2

За 2017 година од Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ се надеваат дека ќе ги спојат младите од Охрид со волонтери од Скопје и Куманово, но и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, со што ќе биде организиран волонтерски младински камп во Охрид.

bregmladosta2

На пригодна свеченост која се одржа во просториите на Црвен крст Охрид, од „Брег на младоста“ доделија благодарници и признанија на сите поединци, ученици од основните училишта, институции и медиуми кои во текот на 2016 им даваа поддршка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука