Нион, 12. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Селекцијата на Франција која важи за најголем фаворит за освојување на златниот медал на СП во ракомет со убедлива победа го отвори првенството на домашен терен,триколорите во првиот меч на турнирот го прегазија Бразил со 31-16.
Денеска на програмата се дуелите помеѓу Словенија-Ангола,Русија-Јапонија, Полска-Норвешка,Шпанија-Исланд и за нас најважниот дуел Македонија-Тунис.За денешниот дуел од 17.45 минути Червар реши на трибините да биде голманот Никола Митревски, а да го заменат дебитантите Кирил Колев и Благојче Трајковски.
Покрај Митревски, на трибините ќе бидат уште и Ристо Арнаудовски и Жарко Пешевски. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20