Струга, 12. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Струшкиот музеј „Доктор Никола Незлобински“ успешно ги реализирал зацртаните задачи во минатата 2016 година, а доставил богата програма за работа и за оваа година.
Како што информира директорот Милован Шутиноски, покрај реализираните проекти од Националната програма на Министерството, реализирани биле и други проекти, меѓу кои промоција на сите поставки, а Музејот бил и е дел од вмрежувањето на национално и интернационално ниво.
За враќање на учениците е изработена стратегија со која ќе ги привлечат повторно да го посетуваат Музејот како институција која ги нуди вредностите карактеристични за овој дел. (Крај)
извор: МИА фото: архива
Прочитано: 27