Гевгелија, 12. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утринава грчките погранични органи на граничниот премин „Евзони“ почнале да ги пропуштаат тешките товарни возила кои во изминатово деноноќие чекаа за влез во Р.Грција.
Возилата беа во меѓупросторот поради забраната за движење предизвикана од лошите временски услови и состојбата на патиштата.
Во моментов сеуште во меѓупросторот се наоѓаат околу 70-80 товарни возила кои чекаат за влез во Р.Грција.
Додека на граничниот премин „Дојрани“ сеуште трае забраната за влез на товарни возила во Грција. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 18