Охрид, 13. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани продолжуваат со акциите за собирање помош за семејството Садик, чиј дом изгоре неодамна во големиот пожар кој ја зафати семејната куќа.
Денес во кафе барот „Аквариус“ ќе се одржи акција со цел да се соберат средства за помош на нашите сограѓани.
– Да прославиме Василица, а воедно да бидеме и хумани! Придружете ни се денес во 13:00 часот во „Аквариус“ со музиката на групата „Сарај“ да му помогнеме на Музафер Садик – Мизи, наш сограѓанин и угостителски работник, порачаа од „Аквариус“.
Слична акција утре ќе се одржи и во Mr.I. Ќе настапат: The Backdoor Band, Ѓоко Танески, Betty`s Boobs, Богдан Василески, како и DJ Јуксел, DJ Јане, DJ Face, DJ Гец, DJ Марио, DJ Јовче и DJ Тони. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива