Мадрид, 13. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Алваро Мората не е задоволен со статусот во Реал Мадрид и дека на крајот од сезоната ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.
Мората минато лето се врати во Реал Мадрид од позајмицата во Јувентус како етаблирана фудбалска ѕвезда, но не е многу задоволен од минутажата која ја добива во „кралскиот“ клуб.
За неговиот потпис се заинтересирани многу европски гигнати, а медиумите тврдат дека најголема битка ќе водат Арсенал, Јувентус и Челзи. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 102