Спорт

Реал Мадрид 40.натпревари без пораз

Севилја, 13. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со голот што постигна Бензема во судиското продолжување, екипата на Реал Мадрид синоќа одигра 3-3 на гостувањето кај Севиља и стигна до 40 натпревари без пораз во серија.

Реал уште во првиот натпревар си го обезбеди билетот за четвртфиналето од Копа Дел Реј(0-3), а Зинедин Зидан со својот клуб го надмина и рекордот без пораз на Барселона.

„Кралевите“ сега имаат 40 меча без пораз во низа, и пред нив се само уште рекордите на Нотингем Форест, Милан и Јувентус. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука