Охрид, 13. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Зимскиот распуст за учениците да биде продолжен за пет дена, и наместо до 18 јануари, ќе трае до 23 јануари, одлучи Комисијата за заразни болести.
И Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу донесе одлука, распустот на учениците продолжен до 23 јануари.
– Согласно барањата на училиштата за продолжување на зимскиот распуст и климатските услови, во консултација со Министерството за здравство дека во периодот на распустот бројот на пациенти со грип е значително намален, донесовме одлука зимскиот распуст да трае една недела подолго, односно наместо на 18, второто полугодие од оваа учебна година да почне на 23 јануари, потврдуваат од Министерството за образование и наука.
Ваквата одлука е донесена со цел да се намали бројката на заболени од грип. Забележано е намалувањето на бројот на заболени од грип во периодот додека децата биле на распуст. Покрај оваа мерка, ќе се спроведе темелна дезинфекција на градинките, училиштата и други јавни установи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива