Охрид, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот лаунџ бар Mr.I денес ќе ја организира хуманитарната акција за собирање помош за семејството Садик, чиј дом изгоре неодамна во големиот пожар кој ја зафати семејната куќа.
Со почеток во 14:00 од Mr.I најавуваат целодневна забава со цел да се соберат средства за помош на нашите сограѓани.
За забавата ќе се погрижат: The Backdoor Band, Ѓоко Танески, Betty`s Boobs, Богдан Василески, како и DJ Јуксел, DJ Јане, DJ Face, DJ Гец, DJ Марио, DJ Јовче и DJ Тони.
– Охрид е хуман, да помогнеме уште еднаш сите заедно, порачуваат од Mr.I. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21