Охрид, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Оштетени се дел од новогодишните украси кои се поставени во центарот на градот, како е една од уличните светилки во непосредна близина на пристаништето.
Репортерите на Супер радио и OhridPress утрово ја регистрираа оваа непријатна глетка.
Ова не е прв пат да се случуваат вакви немили настани. На само десетина дена пред новата година беше запалена палма на Кејот „Македонија“, а во март минатата година во водата на езерото беа фрлани клупи и сообраќајни знакови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 24