Торино, 15. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Матија Калдара од Аталанта потпишал петгодишен договор со Јувентус вреден 25 милиони евра, но според договорот тој уште 18 месеци ќе остане во екипата од Бергамо.
Јувентус го следеше 22-годишниот Калдара подолго време и скаутите оцениле дека овој млад играч може да биде вистинскиот наследник на некој од фудбалерите како Кјелини, Барзаљи и Бонучи.
Италијанскиот шампион за трансферот треба да плати 15 милиони евра, уште шест милиони евра низ разни бонуси , додека престојот на Калдара во Аталанта уште 18 месеци ќе го стимулира со четири милиони евра. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 22