Барселона, 15. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува кинеската офанзива по играчи од европските клубови. Кинезите го имаат ’пикирано’ фудбалерот на Барселона, Арда Туран, за кого медиумите тврдат дека постигнал договор со управата на Шангај Шенхуа.
Тој се согласил на тригодишен договор, кој ќе му донесе плата од 20 милиони евра по сезона, а останува само двата клуба да ги договорат деталите околу трансферот.
Турскиот фудбалер и во минатото беше поврзуван со трансфер во Кина, а такво нешто веројатно ќе се случи овој зимски преоден рок. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 26