Лондон, 15. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Играчот од средниот ред на Арсенал , Санти Казорла, според најновите лекарски прогнози нема да му биде на располагање на Арсен Венгер до крајот на сезоната.
Шпанецот ја повреди ахиловата тетива, поради која еден месец беше надвор од терените и неговото враќање се очекуваше на 18.декември на мечот против Манчестер сити, но тоа не се случи.
Спорото заздравување од повредата го натера Казорла повторно да се оперира па неговото враќање на теренот се очекува кон крајот на месец април. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 13