Охрид, 15. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во ноември 2016 во Охрид биле издадени вкупно 11 одобренија за градење.
Повеќе одобренија им биле дадени на физички лица, вкупно 9, додека деловни субјекти кои добиле одобренија, биле 2.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 159 милиони и 77 илјади денари.
За истиот период на територијата на Охрид се изградиле 45 станови, со вкупна корисна површина од 3 827 м2. Предност била дадена на помали станови, така што најмногу се изградиле 23 двособни. (Крај)
извор: ОхридПпрес фото: архива
Прочитано: 31