Охрид, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Обработката на песната „Jesus to a Child“ на Тоше Проески се најде меѓу најдобрите светски ковери на песни на George Michael, според угледниот портал news.com.au.
– Младиот Македонски пејач Тоше Проески, кој почина во 2007 година, ја сними „Jesus to a Child“, една од најубавите песни на George Michael, пишува порталот.
На листата на која покрај најдобрите ги има и најлошите обработки, Тоше е рамо до рамо со имиња како Mariah Carey, Michael Buble, Tori Amos и Joan Baez.
Снимката е направена во живо, заедно со бендот „Арија“ за емисијата „Ѕвездена планета“ на Тв Сител. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 15