Охрид, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – На патниот правец Охрид-Кичево, на планискиот превој „Пресека“, поради обилни врнежи од снег, од 17:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на oстанатоте патишта низ Македонија се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – „Стража“, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – „Буково“.
Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, а до возачите апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес