јануари 16, 2017

Мелбурн, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа започна првиот Гренд слем во сезоната, Australian Open кој со отворањето го донесе и првото големо изненадување.

Тоа го направи младата американска тенисерка Шелби Роџерс која убедливо ја победи четвртата носителка Симона Халеп со 6-3, 6-1.

Новак Ѓоковиќ одбраната на титулата во Мелбурн ќе ја започне против Фернандо Вердаско, додека првиот носител на грен слемот Енди Мареј на стартот славеше против Иља Марченко со 3-0 во сетови. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука