Спорт

СП: Македонските ракометари на мегдан со Словенија

Мец, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ракометните селекции на Исланд и Тунис ги поделија бодовите во единствениот меч вчера од групата „Б“ на СП во Франција,играјќи 22-22.

Двете репрезентации одиграа интересен дуел, а со ремито оставија простор за Македонија да биде дури и на 3. место во групата.

Македонските ракометари вечерва од 17.45 минути ќе играт против селекцијата на Словенија ,и иако противниците се фаворити на хартија,нашите репрезентативци најавуваат борба и надигрување против екипата на Веселин Вујовиќ. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука