Бишкек, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Турски товарен авион утрово се урна во Киргистан врз неколку куќи, при што загинаа 37 луѓе.
Авионот летал од Хонг Конг, а се урна во близина на аеродромот, кој е на 25 километри од главниот град, соопштија властите во Киргистан.
Во несреќата се оштетени околу 15 објекти, а меѓу жртвите има и многу деца. Летот TK6491 требало да застане во Киргистан на патот кон Истанбул. (Крај)
извор: BTA фото: архива
Прочитано: 20