јануари 17, 2017

Охрид, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународното жири на Охридската академија на хуманизмот Светската награда за хуманизам за 2017 година утревечер ќе му ја додели на големото име на чешката и светската кинематографија – Јиржи Свобода.

Свечената прослава на доделувањето на Светската награда на хуманизмот на Јиржи Свобода, ќе се одржи утре во куќата на Уранија на МАНУ, со почеток во 19 часот.

– Исклучителниот животен и творечки опус, чија што уметничка круна беше остварена минатата година со филмското ремек-дело посветено на Јан Хус, го вброи Свобода меѓу големите имиња на светската хуманистичка мисла кои изминативе години ја збогатија духовната меморија на Охрид, градот на вечно живите македонски просветители Св. Климент и Св. Наум, ученици на апостолите на сесловенската култура Св. Кирил и Методиј, заштитници на Европа, објаснуваат од жирито.

Од нејзиното воспоставување во 2007 година, Светската награда за хуманизам е доделена на великаните на интернационалната хуманистичка визија , како што се Даисаку Икеда (Јапонија), Мануел Де Олвеира (Португалија), Александр Солжењицин (Русија), Рави Шанкар (Индија), Питер Брук (Велика Британија), Херта Милер (Германија), Џон Ралстон Саул (Канада), Светлин Русев (Бугарија), Вида Огњеновииќ (Србија), Дарко Гашпаровиќ (Хрватска). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука