Севилја, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Севилја скапо ја плати победата над Реал Мадрид во 18. коло од Примера, откако вчера во клубот пристигнаа лоши вести од лекарскиот тим.
Виктор Витоло заработил повреда на десниот бутен мускул, поради која ќе мора да отсуствува од терените три до четири седмици.
Ова вест претставува голема главоболка за стратегот Хорхе Сампаоли, кој по подолго време успеа да го консолидира тимот да игра на вискоко ниво. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 28