Охрид, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани повторно имаат можност да ја покажат својата хуманост за помош на нашиот сограѓанин Трајан Целески-Тачо.
Тој боледува од тумор Астроцитома и итно се потребни средства за операција во Италија. Организирани се повеќе акции, во дел од кафе баровите уште од денес ќе бидат поставени и кутии за донации, а акција ќе се одржи и за Водици.
Вечерва во коктел барот „Хемингвеј“ за помош на Трајан ќе настапат познати пејачи и Дџ-и. Со почеток во 22:00 часот ќе настапат: Ѓоко Танески, Богдан Василевски, Dj Face, Dj Jovan и Dj Gec.
Викендов фудбалскиот клуб „Фер плеј“, во соработка со Спортскиот центар „Климент Колески“ ќе организира хуманитарен турнир за деца во фудбал. Собраните средства ќе бидат уплатени во фондот за помош на Целески.
– На ова момче му е потребна нашата помош. Тој наредната недела треба да замине на итна операција во Италија за која му се потребни неопходни финансиски средства. Ве повикуваме, сите вљубеници на детскиот фудбал да дојдете и да донирате за ова момче, велат од ФК „Фер плеј“.
Трансакциска сметка: Trajan Celeski 210501663814471 NLB Banka. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива