Мадрид, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Еден од предводниците на младата селекција до 21 година, македонскиот репрезентативец Енис Барди, доби големо признание од еден од највлијателните спортски медиуми во Европа.
Шпанскиот дневен спортски весник „Марка“ го избра Барди меѓу десетте најдобри млади голгетери во светот, и тоа на шестата позиција.
Барди има одлична сезона во Унгарија и постигна осум гола за Ујпешт, и е еден од кандидатите за признанието најдобар стрелец во унгарскиот шампионат. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 30