Избор Охрид Празници

Бројни активности за манифестацијата Богојавление – Водици во Охрид

Охрид, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со богослужби во сите парохиски цркви, започнува манифестацијата  Богојавление – Водици во Охрид. Крстот ќе се фрла на Градското пристаниште во 10 часот.

Со Литија ќе се тргнува од црквите. Сите верници заедно со свештениците ќе се упатат кон Градското пристаниште и ќе се положи осветениот крст во осветените води на Охридското Езеро.

– Смислата на самиот празник и секој кој учествува, треба најпрво да ја посети црквата, па да присуствува на настанот. И секој оној кој се искапил, учествува во тој празник. За овој ден видно е присуството на верници во црквите. Предходниот ден е Водопост, ден предвиден за пост, каде секој верник не само што телесно пости, туку достоинствено треба и духовно да пости, велат од Дебарско – Кичевската епархија.

На чесниот фаќач на крстот, епархијата симболично ќе му додели крст, додека Општина Охрид ќе го дарува со икона.

Од 12 часот ќе има групно крштевање на верниците на Сараиште.

Во меѓувреме, од 9 до 14 часот во Студентскиот дом „Никола Карев“ ќе се одвива крводарителска акција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука