Охрид, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пелистер ја совлада Шкендија со 2-0 на пријателскиот натпревар кој се одигра во Охрид.
Новиот стратег на тетовци, Томас Брдариќ дебитираше на клупата со пораз од битолскиот прволигаш. Сепак, ова е само прв контролен меч, на кој треба да добие слика за можностите на својот тим. На овој дуел тој не можеше да смета на капитенот Ферхан Хасани и на десниот бек Благоја Тодоровски кои се отсутни поради здравствени причини, јави порталот екипа.мк.
Пелистер покажа дека напролет ќе биде уште посилен. Резултатот го отвори Иве Трифуновски во 28.минута, со удар со глава по центаршутот на Поп Златанов, а во вториот дел новото засилување, Баже Илијоски во свој стил и побегна на противничката одбрана и го лобуваше голманот за конечен резултат, 2-0 во корист на Пелистер. (Крај)
извор: екипа.мк фото: екипа.мк