Охрид, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Куќата на Уранија, на посебна свеченост, на чешкиот филмски великан Јиржи Свобода, му беше врачена Светската награда за хуманизам, што ја доделува Охридската академија на хуманизмот.
– Од моментот кога дипломирав на прашката филмска академија и добив прилика да снимам прв игран филм, се трудев да ги искажам од свој агол на гледање кон добро и кон зло, кое мирува во корените на човекот, кое од време на време ќе заборави на ипресивната човечка големина, опишана во делата на Платон и Аристотел, во тимпаните на хеленските храмови, создадени од Фидија, и повторно од него станува некултурно животно, безмилосно кон страдањата на блиските. Би сакал да верувам, дека луѓето верни на своето убедување, луѓето кои продолжуваат со делото, надоврзувајќи се на врската со хеланската култура, ренесанса и просветление и припаѓаат на иднината. Но, тоа е премногу оптимистичка верба, рече режисерот Свобода.
Претседателот на Охридската академија на хуманизмот Јордан Плевнеш, во беседата за лауреатот Свобода, рече дека заедно со другите добитници, ќе биде сведок за вечното сонце кое зрачи од Св. Климентовата крепост на Плаошник. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Ohrid.gov